Гонзалес: „Горд сум на момците, уморни се но продолжуваме да се бориме!“

Селекторот на македонската ракоментна репрезентација, Раул Гонзалес, е задоволен од ремито против Германија.
Вели дека играчите дадоа се од себе на овој натпревар до конечен резултат од 25:25 против европскиот првак.
„Направивме многу грешки, но така е кога се игра под притисок. Ние бевме под притисок да бидеме први во групата. Утре одмараме и ќе биде подобро. Јас сум многу задоволен што во втората фаза одиме со три бода“, рече тој по натпреварот.
Гонзалес вели дека е горд на тоа што момците го направиле на терен и порача дека иако играчите се уморни, сите заедно ќе продолжат да се борат понатаму.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …