(ВИДЕО) Давид Темелков „се вљубил“ на снимањето на спотот во Венеција

Давид Темелков, наводно, се вљубил во ’главната глумица’ од својот нов спот…
Улиците и каналите на градот на љубовта, изминатите денови „сведочеле“ на страсните прегратки и нежности на Давид Темелков и атрактивната Сара Спинчиќ.
Наводно, за време на снимањето на спотот за песната „Љубави“ во која Сара ја има главната улога помеѓу неа и нашиот пејач „пламнале страсти“. На новиот пар не му пречеле ниту погледите на минувачите и туристите, додека разменувале нежности на познатиот плоштад Свети Марко или пловејќи во гондола по венецијанските канали.
Се’ напишано,е осмислено како дел од музичката приказна за споменатата песна која доаѓа од работилництаа на повеќекратно наградуваниот автор Мирослав Рус, кој на овој проект го става својот препознатлив ракопис и печат на комплетната регионална музичка сцена.
„Задоволство ми е да го претставам својот нов проект под назив Давид Темелков. Станува збор за младо момче, кое дојде од Македонија и стана наш сограѓанин во Загреб, што ми е многу драго, бидејќи станува збор за исклучителен талент кој на некој начин ме врати во композиторските води. Песната најавува, скромно можам да кажам, еден вистински албум кој го подготвивме. Давид е исклучително талентиран, музички образован, кој носи темперамент и начин на пеење, кој го негуваат пејачите од тоа подрачје, а кој според многу нешта ги надминува тие некои рамки во кои често сме затворени, можеби и премногу“ вели Мирослав Рус, кој последната година соработува со нашиот Давид.
„Во целата приказна како и самата песна се вљубив на прва, а текстот го запамтив после првото слушање. Создавајќи ја песната, многу размислувавме, како сето тоа би требало да звучи. Самиот предлог за снимање спот во Венеција, го даде Рус, а вака убава песна заслужува одлично видео снимено во прекрасен град. Се потрудивме, го дадовме најдоброто од себе, а на вас е да просудите дали успеавме во тоа“ рекол Давид.


Зад спотот кој освојува со волшебните кадри од градот со 350. мостови и 170. канали, стои млада и креативна екипа на Хит продукција, предводена од режисерот Јосип Шукер.
Рус е автор и на неговата претходна песна, „Љубав на даљину“.Темелков сними и македонска верзија на песната, насловена „Љубена“. Тој самиот го направи препевот од хрватски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …