Раул Гонзалес има посебна молба до играчите за да се дојде до посакуваниот резултат

Селекторот на Македонија, Раул Гонзалес на денешната прес-конференција ги искажа очекувањата за претстојниот дуел со Германија во рамките на 3.коло од Ц-групата на Европското првенство во Хрватска.
„Победивме квалитетни ривали Словенија и Црна Гора. Задоволен и среќен сум што двата дуела ги решивме во последните минути. Сега за сега сите се добри, но ќе знаеме како е кога ќе бидеме на тренинг попладнево. Секако дека добро ќе се подготвиме за Германија. Тоа е селекција која има најмногу квалитет и да игра во полуфиналето. Треба да играме до крај и само така ќе стигнеме до
посакуваниот резултат“, изјави македонскиот селектор Раул Гонзалес.
Македонија и Германија ќе играат утре од 18:15 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Интервју со Ива Пројковска интернационална ФИФА судијка: „Допрва почнува револуцијата на жените во машкиот фудбал!“

Ива Пројковска, првата интернационална ФИФА судијка која се најде помеѓу 20-те елитни судии во Европа, …