Кире Лазаров и’ покрај стартот од соништата веднаш би потпишал…

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е презадоволен од почетните две победи на ЕП.
„Имаме старт од соништата на едно првенство. Победени се квалитетни ривали, Словенија и Црна Гора. Особено е добро што ги решивме во последните минути, а со тоа покажавме дека имаме самодоверба. Кога победуваш вакви дуели и заморот исчезнува и присутни се позитивни мисли. Цврсто стоиме на земја. Германија е квалитетна, но нивниот дуел со Словенија покажа дека може квалитетно да се носиме. Задоволен сум што ростерот се зголемува, добиваме нови играчи на кои
ривалот треба посебно да внимава сега и затоа им е потешко“, изјави Лазаров на денешниот брифинг со новинарите во Загреб.
И, додаде:
„Што се однесува до самиот меч со Германците, имаме нерешено од Ниш пред шест години, тоа е позитивен резултат… Потпишуваме веднаш за нерешено против нив, изјави Лазаров.

Во пресрет на утрешниот натпревар со Германија, тој вели дека Германците се можеби најдобра репрезентација на ова ЕП, но дека воопшто не треба да се плашиме од нив.
„Знаеме со кој играме, Германија е европски шампион, можеби и најквалитетната и најдобра по ростер репрезентација во овој момент на ЕП. Меѓутоа ни дава за право да се надеваме, гледајќи го мечот вчера со Словенија и она што се случуваше, дека може да се игра и’ против една таква Германија и воопшто не треба да се плашиме од името на противникот, туку напротив да ја
играме нашата игра. Остануваат повеќе од 24. часа за да одмориме и мислам дека имаме многу што да покажеме. Вчера победивме меѓутоа имаше мало незадоволство кај нас поради некои сегменти од играта и сметам дека мораме подобро против Германија“, рече тој.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …