Лазаров: Фановите беа клучни за победата, се чувствувавме како да играме во Македонија!

„Се чувствувавме како дома, се чувствувавме како да играме во Македонија, во Скопје, во Борис Трајковски. Сакам да им се заблагодарам од срце, уште на самото влегување на теренот на загревање, кога ги видовме во колкава бројка дојдоа, издвоиле време, издвоиле средства. Тоа беше голем мотив за нас и едноставно го одигравме овој натпревар под голем притисок, знаејќи во нашите глави дека не смееме да кикснеме“, изјави Лазаров за Телма после натпреврот.
Тој додаде и дека била победена една многу квалитетна репрезентација, која игра многу цврсто.
„Имам чувство дека одигравме два натпревари, не еден и затоа е уште позаслужена оваа победа, сакам да им честитам на моите колеги“, изјави Лазаров.
Тој напомена дека кој разбира ракомет знае дека ова беше многу тежок мечот и кажа дека никако не смееме да ја потцениме, која според него можеби се чувала за Македонија, знаејќи дека ќе изгуби од Германија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …