(ФОТО) Итар Пејо на трибините на Арена во Загреб

Дарко Јанкуловски од Битола е момчето кое облечен како Итар Пејо секогаш навива за Македонија. Тој вчера беше во Загреб и од трибините ја бодреше македонската репрезентација.
Облечен во традиционалната македонска носија од мариовскиот крај , инспирацијата ја нашол од Шкотланѓаните кои дојдоа во Македонија во 2009. година. Тие секогаш се облечени според нивната традиција, па затоа и Дарко решил да го промовира она што го има Македонија.
Прв пат вака бил облечен во 2009. година на Европското првенство во ракомет во Вараждин, потоа, и во Ниш, па на Европското првенство во кошарка во Загреб, потоа следела и Франција, а потоа и за секој натпревар каде и да се игра.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Три знаци дека цревата ви се болни – доколку ги забележите, неопходно е итно да се обратите на лекар

Веќе сте свесни дека вашите црева се еден од најмоќните делови на вашето тело. Експертите …