(ФОТО) Новак проговорил за операцијата и на новинарите им делел колачи: „Мојот пристап на тенисот сега е поинаков и тоа е возбудливо!“

Новак Ѓоковиќ на прес конференцијата за медиумите пред почетокот на Австралија Опен потполно отворено одговарал на сите прашања на новинарите.
На почетокот на конференцијата за медиумите, кои ги имало многу, Ѓоковиќ рекол дека му е мило што се вратил и што повторно игра на големи турнири.

„Знам дека ако себе се доведам на саканото ниво, физички и ментално, дека можам да стасам далеку на овој турнир. А, дали мојот пристап на тенисот се разликува од претходните години? Секако, и поради тоа е се’ повозбудливо“ објаснил Новак.

Исто така, едно од пршањата на новинарите било врзано и за лактот и повредата која го мачела во претходниот период, поради која се одлучи на подолга пауза. Ѓоковиќ рекол дека немал операција, како и дека не е 100% подготвен. Меѓутоа, доволно е подготвен да се натпреварува на големиот турнир.

Сега веќе традиционално, Новак Ѓоковиќ, и’ овој пат сите присутни новинари ги почестил со колачи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАСЛОВНА СТРАНИЦА КОЈА КРЕНА ПРАШИНА: Синди Крафорд (55) позирала за Вог – без облека!

Насловната страница на списанието „Вог“ е украсена со нејзин портрет со нагласена фризура, но една …