(ВИДЕО+ФОТО) Викторија Бекам дневно троши 1.400 евра за убавина

Некогашната пејачка на поп групата „Спајс грлс“, а денес успешна дизајнерка и модна икона, Викторија Бекам, со годините изгледа се’ подобро. Многумина се прашуваат како тоа и успева, а таа сега отворено раскажала колку козметички производни користи, дневно, а цената на вкупниот број скапоцени кремички изнесува околу 1.400 евра.
Во својот последен разговор за лајфстајл порталот The Gloss, Викторија Бекам, ги открила тајните на својот одличен изглед и раскажала како и со што ги негува кожата, косата и лицето.
Сопругата на некогашниот фудбалер Дејвид Бекам со кого има четири деца, сега отворено признала дека на сите козметички производи и третмани за дневна нега троши 700. евра дневно. Во исто време за нега на кожата на телото подготвена е да одвои 140. евра, за шминка 300. евра, додека на косата дневно троши убедливо најмалку, само 70. евра.


Викторија е позната по својот атрактивен изглед, а се чини дека прави се’ тој да не се промени.
„Кога бев млада имав исклучително лоша кожа и постојано ги прекривав сите недостатоци на лицето. За среќа, повеќе не морам да се грижам за тоа. Со текот на годините човек научува што му одговара а што не.А, знаете и самите дека во текот на пејачката кариера експериментирав со изгледот“ рекла 43. годишната жена и додала дека зад себе има многубројни снимања и црвени теписи, а со тек на времето научила многу за стилот и убавината.

За да го зачува младешкиот и свеж изглед, Викторија денес најмногу вложува во нега на кожата на лицето.
Освен скапоцени средства за отстранување на шминка и чистење на лицето секојдневно користи и Estée Lauder anti- age креми чие инаку е и заштитно лице.

Освен тоа станала зависна и од кремот со заштитен фактор и кој и служи како заштита од сонцето,а без тој крем не излегува до дома.

Телото го негува со хидратантно млеко кое често го комбинира и со кокосово масло, особено во летните денови.
Славната убавица на крај открила и дека секојдневно ја негува косата во фризерски салон на кој му е верна веќе долги години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Инклузивна анимација” како алатка за инклузија на деца со попреченост

Од 7-ми до 20-ти октомври  со поддршка на Делегација на ЕУ во Скопје и во …