(ВИДЕО+ФОТО) Најубиствениот стрелец во историјата го воодушевил навивачите: Хрватска ќе навива за Македонија поради Кире Лазаров

Кирил Лазаров не се предава, 37. годишниот разорувач од надворешните позиции ќе ја предводи македонската ракометна репрезентација на претстојното Еуро во Хрватска
Можеби Кирил Лазаров е и’ најголем „голгетер“ во историјата на ракометот. Македонецот држи рекорд по бројот на постигнати голови на едно СП кој го поставил токму во Хрватска во 2009. година, потоа има најмногу постигнати голови на едно Еуро (61, 2012.), во Лигата на прваците запишал преку 1.000 погодоци, за репрезентацијата во повеќе од 200 натпревари, мрежата ја тресел повеќе од 1200 пати…
Легендата што оди ќе биде главен адут во новиот поход на вистински резултат на големото натпреварување. Македонија е во група со Германија, Словенија и Црна Гора.
„Тоа е многу интересна и посебна група во која нема аутсајдери. Со три балкански репрезентации и бранител на наслов се’ е можно посебно кога ќе земете предвид каква поддршка ќе имаат одредени репрезентации од овие простори. Но, Германија е без никакви дилеми најголем фаворит“ рекол Лазаров во интервју за службената интернет страница на Еуро.

Кои се целите на Македонија?
„Овојпат имаме добар спој на млади и искусни играчи и фантастичниот селектор Раул Гонзалес. Едвај го чекам почетокот поради големата мотивација која владее во екипата и секако се надевам на гласна поддршка во Загреб.


Лазаров во загрепска „Арена“ очекува голем број македонски навивачи.
„Во овој момент сите зборуват за Еуро и сигурен сум дека ќе има неколку стотици можеби и илјади навивачи. Секако, се’ зависи од самиот почеток, ако тргнеме добро како во Србија во 2012., се’ повеќе и повеќе навивачи ќе доаѓат, така да се’ е во наши раце“ вели нашиот репрезентативец.

Може ли Хрватска да биде среќно место за Македонија?
„Се надевам дека ќе биде, ние сме сега подобри, поискусни отколку во 2009“.


Лазаров долго време играше во Загреб?
„Тоа е посебно, минав пет важни и успешни години од мојата криера. Го обожувам тој град, ја сакам Хрватска и нејзините луѓе“ рекол македонскиот репрезентативец и така допрел во срцата на ракометните фанови во Хрватска.

Кире признал дека голем сон му е да оди на Олимписките игри во 2020. година, но…
„Мораме да одиме чекор по чекор“.

Од каде му е мотивцијата, бидејќи веќе долго е во ракометот?
„Сакам да играм за својата зејма и да бидам дел од тимот, сакам да играм ракомет секој ден. Постојано сум високо мотивиран и постојано сонувам да остварувам цели кои ги немам остварено. Но, секако, Еуро ќе биде исклучително исцрпувачки турнир за мене, репрезентцијата и другите состави“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …