(ФОТО) Каде ќе играат македонските ракометари:„Арена“ во Загреб затворена два дена пред почетокот на ЕП

Македонија својот настап на ЕП треба да го отвори со меч со Словенија во сабота, но дали ќе играат во Загреб ќе се знае денес…
Македонската ракометна репрезентација во четврток заминува за Хрватска, каде што почнува Европското првенство во ракомет, меѓутоа нејасно е дали ќе играат во „Арена“ во Загреб по заканата на инвеститорот „Ингра“.
Игор Опенхајм, претседателот на „Ингра“, вели дека се принудени да ги затворат вратите на спортската арена бидејќи градот Загреб и хрватската влада со месеци не плаќаат кирија за спортското здание и бидејќи се работи за седум години, долгот порасанал на 2 милиона евра.
Според „Вечерњи лист“, хрватската влада смета дека таа сума треба да е значително помала, по што почнале проверките, кои траат повеќе од шест месеци.
„Поучени од претходното искуство кога по Светското првенство во ракомет ни останаа должни 1,4 милион куни (околу 190. илјади евра), принудени сме на овој потег и ако не добиеме уплата, тогаш нема да има ракомет“, изјавил Опенхајм.
Од Хрватскиот ракометен сојуз велат дека ќе почекаат за коментар додека службено не добијат известување.
Македонија треба да го отвори својот настап на ЕП со меч со Словенија во сабота.
Сепак,официјалните лица во „Арена“, со оглед на тоа дека сите натпревари во првиот круг, како и оние за полуфиналето и финалето се распродадени (за сите натпревари имало само уште околу 500. влезници) се надеваат дека ќе се нјде вистинското решение и салата ќе ги дочека репрезентациите како и гледачите кои одамна чекаат на овие натпревари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …