Цената на метар квадратен чини помеѓу 1.200 1.900 евра, но со оглед на тоа дека куќата го искористува најдоброто од природата, вклучувајќи и соларни панели, сметките се драстично помали.
Француско дизајнерско студио направило концепт на куќа која можете да ја составите за помалку од еден месец користејќи само шрафцигер.
PopUp House, состав за градење на куќата, не користи никакви дополнителни алати за градба со оглед на тоа дека користат само изолациски блокови, дрвени клинци и дрво. Со самото тоа куќата станува енергетски корисна а сметките помали.
Засега, ваквата куќа е достапна само во Франција, а цената на метар квадратен чини помеѓу 1.200 и 1.900 евра. Наскоро куќичката својот пазар ќе го прошири и во САД и Велика Британија. Секој куќичка е единствена и со био-климатски дизајн што значи дека доста работи зема од природата и ги искористува на најдобар можен начин. На пример, PopUp куќата користи соларни панели за греење, така поставени што во текот на целиот ден добиваат сончева енергија.
Ако сакате една таква куќа потребно е да се контактира PopUp компанијата и да ангажирате архитект.А пред тоа потребно е да се види колку пари можете да издвоите за новиот дом и да пронајдете земјиште на кое сакате да биде. Компнијата потоа изработува проект и го контактира архитектот (може и по ваша желба) и градежниците го создаваат вашиот дом од соништата.
Заедно со архитектот можете да ја направите и својата единствен PopUp куќа која ќе биде готова за еден месец.