Денес е Собор на Пресвета Богородица: Слава на Пресветата Божја Мајка

На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, Којашто Го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Нејзе, Која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена Челница. Целото свештенство со народот овде соборно Ја прославуваше Пречистата Божја Мајка.

Собор на Пресвета Богородица


Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес, по празникот Рождество Христово, се слави Пресветата Богородица. Најмудра пракса. Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.
Во таа смисла се и црковните песни коишто се исполнуват при црковните свечености. Но во народното сфаќање овој ден се смета за втор ден на празникот Божик и празнувањето е во тој дух. Пресвета Богородица е опеана и во голем број народни песни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА (викенд) – Нема починати: Регистрирани се 151. нови лабораториски позитивни случаи на Ковид 19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 …