(ФОТО) Политичката клаузула на Меси зачуди:Како татко му го објаснува „фамозниот“ член од договоро со Барселона?

Угледниот шпански весник „Ел Мундо“ излезе со сензационална ексклузива дека Лионел Меси се заштитил во новиот мега-договор со Барселона со специјална клаузула, која во случајот има политичка содржина и е поврзана за можното отцепување на Каталонија од Шпанија.
Каталонците веќе извесно време се борат за осамостојување и водат жестоки напори за остварување на големата желба, но што се однесува до спортски план, тоа може да донесе и крах за Барселона која би останала во ситуацијата да се натпреварува во скромна каталонска лига доколку биде исфрлена од Примера и не добие покана од другите најсилни лиги во светот.
Токму ваков член вклучил Меси во новиот договор, според кој Аргентинецот ќе биде слободен да си замине од Барселона доколку тимот не се натпреварува во шпанската, англиската, германската или француската лига. Ваквата екслузива на „Ел Мундо“ предизвика многу реакции во јавноста, а сега целата оваа ситуација ја разјасни таткото на Меси кој со својата изјава делумно го потврди тоа што
го напуша весникот.
„Не е се како што беше објавено, но постои таков член во договорот. Лионел ќе остане во Барселона се додека клубот се наптреварува во силна лига, без разлика на тоа што Каталонија би се отцепила. Се што се напиша, не е вистина. Лео има интенција да остане, но не знам што ќе се случи во иднина. Тоа е тоа што се однесува до клаузулата“, разјаснува таткото на ѕвездата на Барселона, Хорхе Меси.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

11 знаци дека мажот се откажува од вашата врска

Тажната вистина е дека дури и ако сте подготвени да поминете низ хаос само за …