(ВИДЕО) Новак и Надал подготвени за Мелбурн: Еве како изгледале тренинзите на Ноле и Рафа на „Род Лејвер арената“

Новак Ѓоковиќ вчера го одработил првиот тренинг на „Род Лејвер“ арената во Мелбурн.
Тој на главниот терен на Аустралиан Опен спарингувал со Стефан Калдави, со што на своите навивачи им испратил одличен знак во пресрет на враќањето на теренот.
Новак на Инстаграм профилот објавил дел од тренингот, а по она што може да се види, нема никакви проблеми со повредата на лактот.

Ѓоковиќ на терените го нема уште од Вимблдон минатото лето. Враќањето го планирал за крајот на календарската 2017. година, но го откажал Мубадала турнирот во Абу Даби со образложение дека повторно почувствувал повреда на лактот.
Ѓоковиќ од 10. јануари ќе учествува на егзибицскиот турнир во Мелбурн, кој воедно ќе биде вовед во Аустралиан Опен.
Иако сеуште не објавил дека ќе игра на првиот Грен слем во сезоната, видеото кое го објавил дава надеж дека повредата на лактот е потполно санирана и дека Новак ќе игра на Ози опен кој го освоил шест пати.

Во Мелбурн пристигнал и првиот рекет на светот, Рафаел Надал, кој на Твитер едноставно соопштил „Пристигнав!“

За Рафа ова ќе биде прв Грен слем без чичко му, Тони Надал кој одлучил да се посвети на академијата. Со првиот тенисер на светот во Мелбурн и на сите други турнири ќе биде бившиот број 1, Карлос Моја.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …