(ФОТО) Ги изненадил обожавателите: Рики Мартин објавил фотка на која е потполно гол

Порториканската музичка ѕвезда често на својот профил на Инстаграм објавува свои полуголи фотографии. Со новата објава Рики Мартин тотално ги воодушевил своите женски и машки фанови ширум светот. Пејачот потполно гол шета по бањата, додека фотографот се’ снимил од спалната соба.
Рики Мартин го покажал задникот, додек предниот дел го покрил со пешкир, а фотографијата толку му се допаднала што решил да ја стави на Инстаграм и за кусо време собрала скоро половина милион лајкови.

Со неа мудро ги најавил своите следни концерти, а обожавателите и обожавателите веднаш почнале со коментари и коплименти покрај објавената фотогарафија. На Рики Мартин му порачале дека се изненадени со ваквата објава, дека не го очекувале тоа од него и дека им приредил пријатно изненадување.
Наскоро ќе се навршат осум години од денот кога ги разочарал жените ширум светот и објавил дека е геј. Со сирискиот уметник Јван Јозеф се свршил во ноември 2016. година, а оваа година планираат голема венчавка.
„Тоа ќе биде голем настан за кој луѓето долго ќе зборуваат“ порачал порано Рики Мартин најавувајќи го најважниот ден во неговиот живот.

                                        Рики Мартин и Јван Јозеф ќе се венчаат оваа година

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ЧУДО ВО ГАЗА: Петмесечно палестинско момче извлечено ЖИВО под урнатините на трикатница – неговото семејство настрадало во израелскиот напад

Петмесечно дете било спасено од урнатините на зградата погодена од израелски ракети во бегалски камп …