(ВИДЕО+ФОТО) Боби Мојсовски го живее својот сон: Новата година му започна со остварени желби!

„Боби е еден од најдобрите пејачи кои сум ги сретнал. Потполно изграден и со големи можности“ рече Тончи Хуљиќ за младиот Боби.

Боби Мојсовски новогодишната ноќ ја помина работно, пеејќи со колегата Тончи Хуљиќ и неговиот бенд „Мадре бадеша“ во хрватскиот главен град. На прославата настапија уште неколку хрватски музички ѕвезди, меѓу кои и легендарната Дорис Драговиќ.


„Мојата прва желба за 2018 остварена! Конечно во живо ја сретнав Дорис Драговиќ, предобра, скромна, величествена жена и феноменална пејачка!“, напиша Боби споделувајќи ја заедничката фотографија со познатата дива.

Истата екипа настапуваше и следната вечер, на 1 јануари, во Дубровник, што е одлична промоција за нашиот Боби да се пробие на тамошниот музички пазар. Тој заедно со Хуљиќ лани ја сними песната „Да би да сен опет мали“, по што следеа и бројни настапи низ Хрватска.
„Боби е еден од најдобрите пејачи кои сум ги сретнал. Потполно изграден и со големи можности“ рече Тончи Хуљиќ за младиот Боби.
После тие зборови и заедничката соработка од Боби Мојсовски можеме да очекуваме само нови успеси.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …