Какво ќе биде времето за празниците?

Последниот викенд од оваа 2017 година ќе мине во пријатни временски услови. Се очекува генерално ведро време со претежно слаб ветер од северен правец.
Токму северното струење ќе биде причината што овие два дена ќе бидат постудени во однос на последните два дена од работната недела.
Минималната температура во поголем дел од котлините ќе има вредности помеѓу -3°С и 0°С, освен во југоисточниот крај каде минималната ќе има вредност околу 3°С.
Границите во кои ќе бидат вредностите на максималната температура ќе бидат помеѓу 4°С и 6°С во северниот и западниот регион, а долж југот на повардарето и југоисточниот крај помеѓу 6°С и 8°С.
Во недела и понеделник ветерот ќе биде слаб и ќе се менува кон јужен. Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.
Времето за време на викендот и на новогодишната ноќ ќе биде стабилно и суво.
Во недела и понеделник ветерот ќе биде слаб и ќе се менува кон јужен. Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.
Во недела утринската ќе се спушти до минус седум, а максималната ќе се движи меѓу пет и 11 степени.
Во понеделник, на првиот ден од новата година, утринската ќе биде од минус пет до еден степен, а дневната од шест до 13 степени најавуваат од meteopro.mk .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес е спомен на Светиот свештеномаченик Автоном: И после 200. години мнозина болни добија здравје од светите мошти

Православните христијани денес ги слават Светиот свештеномаченик Автоном, Светиот маченик Јулијан со четириесетмина другари, Светиот …