(ФОТО) Слаповите на Нијагара ги оковал лед – а фотките се потполно надреални

Делови од масивните слапови на Нијагара се оковани со лед додека во Америка и Канада се борат со голем бран студ. Но, тоа не ги спречува многубројните туристи во посетата на најпознатите американски и канадски водопади. Всушност, смрзнатите слапови преку зима стануваат голема атракција, а ќе ви биде јасно и’ зошто од само неколку кадрови.

#niagarafalls #usa #snow #winter

A post shared by Susize (@susize.lai) on

„Дојдовме да ги видиме чудата на природата и убавината на зимата. Убавината сега доаѓа со многу студ.Ова е едноставно друг вид убавина отколку преку лето и мораме да уживаме во неа“ рекол еден од посетителите за локалната Тв станица WGRZ.

„Потполно е надреално да се види лед на се. Само уживам во околината, снегот и дрвата…фантастично е“ додал друг додека своето воодушевување и фотографии многумина поделиле на социјалните мрежи.

last adventure of 2017.😍❄️ #NiagaraFalls

A post shared by Theresa😊 (@resababyxo) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Карфиолот е храна што има ПЕТ супер моќи

Оваа супер храна го заслужува вашето внимание. Ако некогаш сте во дилема што би можеле …