Во пресрет на новата година пролетни температури

Поради продор на постуден воздух од север синоќа и во текот на ноќта кон денешниот саботен ден започна да дува северен ветер кој Долж Повардарието повремено ќе биде засилен по интензитет.
Ќе има и повремени локални врнежи од дожд додека на повисоките места и на планините особено во северната половина на државава ќе има повремени врнежи од снег. Снежната граница во текот на ноќта можно е да се спушти на надморска височина од 1000 а не се исклучува можноста истата да се спушти и нешто под 1000 м.н.в.
До денешното саботно утро минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -4 до 2 степени додека на планините на западот од државава истите ќе се спуштат до околу или под -10 степени.
Под влијание на стабилна и сува воздушна маса оваа нова година нема да биде снежна а новогодишната ноќ ќе помине во знакот на претежно ведро, суво и не многу студено време па така температурите на воздухот за време на оваа ноќ ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени.
Невообичаено топло ќе биде на првиот ден од новата 2018 година кога температурите на воздухот ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени што навистина се пролетни температури. Исто така да кажеме дека овие температури се повисоки од просечните дури за околу 10 степени.
Поради намалувањето на брзината на ветерот и релативно топлото време по котлините вклучувајќи ја и Скопската котлина ќе има повторно услови за појава на магла и на ниска облачност,најавуваат од meteomax.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес е спомен на Светиот свештеномаченик Автоном: И после 200. години мнозина болни добија здравје од светите мошти

Православните христијани денес ги слават Светиот свештеномаченик Автоном, Светиот маченик Јулијан со четириесетмина другари, Светиот …