Во вторник (2. јануари 2018 г.) е голем празник, она што ќе го правите на тој ден ќе го правите во текот на целата година!

Следната недела на 2. јануари, според верскиот календар е „Свети Игнат“. Игнат е детето што Исус го носел во својата прегратка.

Според народното верување од овој ден започнува да расте денот. Во народот постои верување дека она што ќе правите и’ ви се случува тој ден, ќе го правите и ќе ви се случува цела година.
Значи каков ви е денот на 2. јануари таква ќе ви биде и годината.
Вистинските бадникови и божиќни обичаи почнуваат на овој ден и затоа во некои делови на Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот, таква ќе биде и годината за семејството.
Во минатото постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.
Се верува дека на овој ден не е добро ниту да позајмувате некому пари, за да не ви одат парите од куќата.

loading...

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи со вашето тело ако јадете премногу месо?

Секојдневната исхрана базирана на рамнотежа и умерено внесување на сите намирници е идеалниот пат до …