12. најдобри земји за живот

Обединетите нации го објавиле годишниот Извештај за хуман развој кој опфаќа податоци за тоа каде луѓето живеат најдолго, каде најздраво, со други зборови, станува збор за земји кои се најпогодни за живот.
Обединетите нации испитувајќи податоци од 200. земји направиле листа на основа на неколку категории вклучувајќи ја финансиската ситуација, половата рамноправност, образование и животен век.
Business Insider ја претставил листата на најдобро рангирани земји:
12. Хонгконг – висок просечен животен век (84. години)
11. Обединетите Американски Држави – висока просечна годишна заработувачка (53.245 долари)
10. Канада – Земја со високо образовани луѓе (повеќе од половина население има диплома од Колеџ).
9.Исланд – животен век 82,7 години
8.Ирска – Ниско ниво на криминал. Процент на убиства е 1,1 наспроти 100.000
7. Холандија – Најниска стапка на нееднаквост во висина на приходот (12,4 отсто)
6. Сингапур – Просечен живот 83. години.
5. Данска – Разликата помеѓу платите кои ги примаат мажите и оние кои ги примаат жените е 7,8 отсто.
4. Германија – Сите Универзитети примаат странци.
3. Швајцарија – Висок просечен животен век (83. години) и низок ризик од заболување од маларија, СИДА и туберкулоза.
2. Австралија – образованието чини повеќе од 5 отсто БДП
1. Норвешка – Земја со највисок животен стандард, просечен животен век и образование. Благодарение на одлично развиениот здравствен систем, Норвежаните во просек живеат 82. години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

ГРД СУДИР НА ИНТЕРЕСИ: Норвешкиот научник кој ја откри врската помеѓу вакцината на АстраЗенека згрутчувањата на крвта пет години добивал пари од Фајзер!

Кампањата за вакцинација беше сериозно погодена од веста дека вакцината на АстраЗенека формира згрутчување на …