(ВИДЕО+ФОТО) Интервју – Александра Јанева:„Поставувам цели на кои работам и сакам да го видам нивниот резултат!“

Таа е една од ретките, можеби и единствена во тоа што го работи. За малкуте години кои ги им си изгради пат кој е за респект – Победник е на музичкото шоу „Сите наши песни“ во 2013.,два пати победи на „Макфест“ во 2013. и 2016. година, победила на натпреварот на Француска шансона во 2013., учесничка е на бројни фестивали, дел е од концертот што по повод празникот, Василица, Македонската опера и балет традиционално го одржува под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар…и тоа два пати а ќе учествува и на наредниот во февруари…
Александра во музичките води плови полека, но последната година и пол сними шест сингл, а најновото што го направи е преработката на „Perfect“ од Ед Ширен…

Имаш само 22 години но импресивна биографија. Многу успеси, победи на фестивали, музички настани…Имаше шоу на „Макфест”…Како беше после двепобеди да се биде „од другата страна”…
-Макфест е фестивалот кој два пати одигра огромна улога во мојата кариера. Тремата и одговорноста која ми ја носи макфестовската сцена ги почувствувавуште при првиот повик од организаторите. Во име на убавите спомени од 2013. и 2016. година, ми беше огромна чест да пеам пред публиката која беше клучна за тие две победи и ги направи „Врати ми го сонцето” и „Зошто баш ти” хитови. Многу беше полесно да се биде од другата страна, без натпреварувачки
притисок. На мое огромно задоволство,освен на победничките песни, публиката уживаше и пееше подеднакво на сите мои песни испеани таа вечер.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …