(ВИДЕО+ФОТО) Интервју – Никола Перевски Пере:„Имам верба затоа што знам какви таленти и искрени вљубеници во музиката творат во Македонија!“

Повозрасните познавачи на музичките прилики во Македонија многу добро знаат за групата „Нокаут“. Бенд кој одбележа еден голем период во македонската музика и му даде свој печат, но и ден денес го прави истото,после 20. години работа. Успех, не само во македонски оквири туку и пошироко.
„Нокаут“ е бенд кој, слободно може да се каже, е хипер популарен, не само со своите хитови туку и поради членовите кои не се однесуваат само како поп ѕвезди туку на другите млади им даваат пример. Немаат скандали, немаат кавги во бендот..се’ се одвива сосема природно…Како минуваат годините поради другите обврски во бендот се менуваат членови, но од пред неколку години (од таа постава) остана само Никола Перевски Пере со кого разговаравме за „Нокаут“ и некои други нешта…

loading...

Како од овој аспект гледаш на се’што направи „Нокаут“ од основањето до денес?
– Гледам како на една возбудлива Одисеја во која имало и подеми и падови, во која сум раскажал многу вистински приказни и која била полна со искрени чувства кон музиката. Но, пред се како на нешто што ме дефинираше како личност. Патување кое ми отвори многу нови светови и кое се надевам ќе трае уште долго. А, доколку мислевте на тоа што направи Нокаут за македонската
музичка сцена, тогаш би рекол само дека и посветивме цели 20. години. Мислам дека со тоа кажав сè.

 Често се поставуваше прашањата дали „Нокаут“ уште постои, но потоа како феникс ќе се издигневте и појавевте со нов проект?
-Често пати ме прашувале за ова. Не можам да го споредам Нокаут со Феникс, затоа што тој изгоре до пепел. Фала му на Бога на Нокаут тоа никогаш не му се случи. Ние само направивме една подолга креативна пауза во која собравме доволно инспирација и енергија да го збогатиме тоа што го почнавме во 1997. година. Со секој музичар и општо уметник е така. Па и постојаното присуство
знае да биде заморно и за уметникот и за публиката, па затоа таквите паузи се
повеќе од потребни.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Театарски уметници од Србија, Северна Македонија и Албанија стануваат дел од „ОТВОРЕН БАЛКАН“

Претставници на националните театри на Србија, Северна Македонија и Албанија, на 28. септември, во Владата …