Подгответе се за дожд и ветер, но и пријатни температури

Под влијание на антициклон кој условува релативно тивко време и зголемена влажност во воздухот по котлините и по речните долини вклучувајќи ја и Скопската котлина има појава на магла и на ниска облачност која локално е густа и предизвикува намалена видливост.
Поради ваквата ситуација Скопскиот аеродром е затворен а по се изгледа поради густата магла авионите можно е да не се пренасочуваат и на Охридскиот аеродром Свети Апостол Павле.
На возачите им се препорачува да внимаваат како се движат со своите возила и да возат со намалена брзина поради намалената видливот но и поради влажните и лизгави коловози.
Во текот на минатата ноќ како и во текот на денешното средочно утро и претпладне по котлините и по речните долини ќе има магла и ниска облачност локално и ГУСТА која ќе ја намалува видливоста.И’ токму поради ова во тие котлини каде ќе има појава на магла и на ниска облачност ќе биде значително постудено.
Среда ќе биде сончев но со магла и ниска облачност по котлините и по речните долини која поради јужниот ветер, кој ќе започне да дува во текот на денот, полека ќе ја растура.
Ќе има и мала до умерена, а во западните предели, умерена облачност а во планинските предели ќе има услови за слаб снег додека на пониските места услови за слаб локален дожд.
Во четврток најпрвин на запад а подоцна и во поголемиот дел од државава ќе има врнежи од дожд а не се исклучува можноста и за локална нестабилност проследена со грмежи. Локално врнежите ќе бидат ПОИТЕНЗИВНИ особено на запад каде на некои места ќе наврнат околу па и над 30 л/м2 воден талог. Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од јужен правец.
Снег ќе паѓа само на високите планински предели, најавуваат од meteomax.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се чествува Воведение на Пресвета Богородица (Пречиста): Нејзината икона има чудотворна моќ, па жените кои сакаат пород треба да го направат ова

Македонската православна црква денеска прославува голем празник, Пречиста Богородица. Кога Пресвета Дева Марија наполни три …