(ФОТО) Роналдо признал: Јас сум „затвореник“ но на моите бебиња!

Шпанските медиуми продолжуваат со своите напади на најдобриот фудбалер на светот, но не во врска со неговите лоши игри, туку…
Шпанскиот весник „Ел Мундо“ не престанал да пишува дека Роналдо треба да оди во затвор поради даночното затајување…
Кристиано Роналдо брзо одговорил на прозивката на шпанскиот весник „Ел Мундо“ дека местото му е во затвор. Тиражниот шпански весник објави статија во која се потенцира дека многу луѓе и’ за помали финансиски нерегуларности се зад решетки, а фудбалерот на Реал Мадрид не е.
На тоа Роналдо во празнично расположение споделил фотографија со своите три малечки деца на која напишал: „Јас сум затвореник на овие слатки бебиња“.

Estou PRESO a estes bebés lindos ahahahah ❤️❤️❤️


A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on


Фудбалерот на Реал Мадрид е обвинет од шпанските власти дека затаил данок од околу 15. милиони евра. Обвинителството бара тој не само да ја плати оваа сум, туку да добие двојно поголема парична казна.
Но, јавноста во Шпанија смета дека поради својата популарност Кристиано Роналдо нема да заврши во затвор дури и’ ако биде прогласен за виновен.
Но,сето ова како да не го допира најдобриот фудбалер на светот на…и максимално ужива во животот, а особено празниците.

„Среќна Нова година, љубов и мир во семејството“ напишал Кристиано под семејната божиќна фотка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

СЗО ОБЈАВИ: Омикрон откриен во 38 земји, нема смртни случаи

Варијантата ОМИКРОН на корона вирусот е откриена во најмалку 38. земји во светот, но сè …