(ФОТО) 3. најинтимни тајни на принцот Хари и Меган Маркле: Откриено каков е навистина нивниот однос!

Стручњак за говор на тело ги протолкувал фотографиите на славниот пар и открил што всушност се крие во врската на идните сопружници
Бланка Коб, експерт за говор на тело, гледајќи ги фотографиите на парот за кој говори цел свет, ги открила тајните на нивната врска и просудила колку е таа воопшто јака и дали ќе потрае.

1. Нозе прекрстени во правец на партнерот
Неколку месеци пред свршувачката, на 25. септември оваа година, Меган и Хари гледале тенис во Канада. Освен доброто расположение, Бланка воочила уште еден интересен детал.
„Кога ќе ги прекрстите нозете кон некого тоа е знак дека го примате во сопствената зона, зоната на апсолутен комфор. Тоа е чиста поврзност (на партнерот). Иако Меган ги прекрстува рацете, јасно е дека тоа го прави за да се потпира, но нејзините прсти говорат многу. Шаките и се генерално опуштени, што значи дкеа се чувствува многу добро тука каде што е. Од друга страна, принцот зазема доста простор,а тоа е знак на самодоверба која е на добро ниво. Сите луѓе кои се сигурни во себе заземаат доста простор. Меѓутоа, тоа што си игра со прстите претставува дека е присутна мала доза на нервоза.

2. Држење за раце во текот на одењето
Дланка од дланка – знак на длабока љубов и силна врска меѓу партнерите. Бланка нагласила дека неговата рака преку нејзината значи дека тој е тој кој донесува одлуки во нивната врска. Макар, во повеќето случаи.
„И двајцата одат со лева нога. Тоа значи дека се исклучително поврзани, емотивно ускладени.И воопшто не сум загрижена со тоа што ја прекрстил десната рака преку телото, очигледно дека на левата нешто му пречело. Секако има нешто на ум, но се’ е во совршен ред, генерално.

3. Хари седи зад Меган
На оваа фотографија принот Хари седи една скала повисоко од Меган Маркле, што може да биде знак дека тој е појак од неа во врската. Неговиот образ, пак, ја допира нејзината глава, што е јасен знак на убави емоции, чувство на интима, додека таа на него се потпира поради поддршка.
Иако фотографијата е добро смислена да изгледа токму така, Бланка ги забележала нивните испреплетени прсти на рацете, и според тоа просудила дека помеѓу идните сопружници има многу љубов.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Фотки на девојка станале хит на интернет бидејќи ги има НАЈДОЛГИТЕ НОЗЕ на светот!

Девојка од Монголија е висока 205 сантиметри и ги има вторите најдолги нозе на светот. …