(ВИДЕО+ФОТО) Една година без Џорџ Мајкл: Во тешка депресија поради криење на вистината

Џорџ Мајкл цел живот носел товар на тоа дека ги разочарал родителите, поради што се лекувал од депресија. Кога сфатил дека не е бисексуалец и дека го привлекуваат само мажи, почнал да се дрогира…
„Може, мислам дека му нема помош. Син е, ладен и укочен“ викал во шок Фади Фавез (44) откако на сам Божик го пронашол мртвиот Џорџ Мајкл во кревет.
„Дише ли уште, или е предоцна? Колку години има и која е адресата, мислите ли дека има смисла да пробате да го оживеете“ го прашал оператерот фризерот Фавез, а веднаш и’ испратил кола на брза помош во куќата на Мајкл.

После веста дека музичарот умрел на 54. години, во својот дом во Оксфордшир, бројни обожаватели пред куќата оставиле цвеќе и запалиле свеќи.
Смртта на пејачот посебно го погодила Елтон Џон (70).


„Го загубивме најдобриот и најталентираниот човек на светот“ рекол Елтон Џон, на чија добротворна фондација посветена на заболените од СИДА, Мајкл бил кум и најголем донатор.
Мајкл со колегите од Band Aid за децата во Етиопија во 1984. година ја снимил божиќната „Do They Know It’s Christmas?“, која единствена го победила „Last Christmas“ од топ листата на популарност и заработувачка.

Ја освоиле комунистичка Кина
За разлика од другите поп феномени од почетокот на MTV епохата, кои се ширеле до рабовите на западниот свет, сеприсутните Џорџ Мајкл и Ендрју Ригли на врвот на глобалната популарноста стасале се’ со Кина.

Преговорите со сомничавите претствници на Цетралниот комитет за нивно гостување во Пекинг траеле дури 18. месеци, но „Вем“ на крај успешно ги минал сите проверки, од игра го исфрлиле конкурентскиот „Квин“ и во пролетта 1985. година донеле западна музика на кинеските сцени. Во летото, истата година, фановите првпат ги гледале во поинакви улоги бидејќи на Live Aid настапиле одвоено.

После „Вем“ уште попопуларен

Џорџ Мајкл во дует со Елтон Џон ја пеел „Don’t Let The Sun Go Down On Me“ додека Ридли и се придружил на пејачката Кики Ди. Петгодишната соработка обележана со десетина ултимативни хитови и 25. милиони продадени плочи била завршена во 1986. година со албумот „Music from the Edge of Heaven“ кој не станал светски бестселер како фамозниот претходник „Make It Big“.

За Ендрју тоа било крај на масовната популарност а за Џорџ само нов почеток. Во самостојната кариера далеку го надминал „Вем“ и веќе со деби албумот „Faith“ ја зголемил својата популарност на глобален суперстар. Кога во 1990. година го преработил стариот хит „Freedom“ и го спакувал мултиплатинестиот албум „Listen Without Prejudice Vol. 1“ се чинело дека ништо нема да може да го запре.

Со ‘Last Christmas’ заработувал половина милион долари
Сите негови изданија бргу станувале повеќе милионски изданија, а тоа го покажал и со прекланскиот албум „Symphonica“, но во приватниот живот на Џорџ Мајкл имало се’ повеќе опасни тубуленции.

Роден е како Георгиос Киријакос Панјотиу во добростоечко грчко-кипарско семејство. Татко му го убедувал дека не знае да пее, а на мајка си и кажувал дека не е геј. Цел живот носел товар дека ги разочарал родителите, поради што се лекувал од депресија.
Откако ја напишал „Last Christmas“, само со таа песна годишно заработувал 500.000 долари, а целокупното богатство му се проценува на 236 милиони долари. Лошата здравствена состојба го поттикнала често и’ да се дрогира, а три пати бил казнуван поради поседување дрога. Неколку пати одел во швајцарска клиника на одвикнување.

Го намамил полицаец
„Почнав сериозно да се дрогирам пред да се распадне ’Вем’ 9 кога сфатив дека не сум бисексуалец туку дека ме привлекуваат само мажи. Тоа ја уништи мајка ми“ рекол Мајкл во интервју во 1999. година.

Два пати е уапсен бидејќи во лондонските тоалети барал сексуални услуги од мажи. Еден од мажите бил подметнат полицаец кој, како што вели Мајкл,го предизвикал пејачот да го покаже својот полов орган.
„Што се однесува до мене ова беше ’наведување на злочин’ но мило ми е што сега барем сите знаат дека сум геј“ рекол Мајкл.


Осум години подоцна, во 2006., повторно е фатен како има секс на јавно место и тогаш признал дека често во градот бара анонимни сексуални услуги. Тврдел дека тоа не му пречи на неговиот тогашен дечко.
После смртта повеќе од 100. милиони долари наследиле деца на познати на кои Џорџ им бил кум. Меѓу нив се и децата на Мартин Кемп (56) – Роман (24) и Харли Мун (28), како и ќерката на Гери Халивел (45), Блубел (11).

Неостварена желба
Единствена неостварена желба на Џорџ Мајкл била да стане татко. Му се допаднала идејата за сурогат мјка, а за тоа го инспирирал неговиот пријател Елтон Џон. Без деца Џорџ се чувствувал ’нецелосен’. Сметал дека и на неговата почината мајка би и било мило кога би имал семејство и поради тоа се’ планирал внимателно.
Погребан е три месеци после смртта, односно додека не пристигнале сите резултати од аутопсијата бидејќи имало сомневање дека можеби не умрел со природна смрт. После сите анализи било соопштено дека починал со природна смрт предизвикна од кардиомипатија, миокардитис и мрсен црн дроб.

Грос бил љубов на неговиот живот
Мајкл бил погребан во најдрагиот костум и маичка од неговата последна турнеја, а семејството не го повикало Фади Фавез.
Инаку, таткото на пејачот, Киријакос Панајиотоу го замолил бившиот дечко на Џорџ, Кени Гос (59) да биде на погребот,а со тоа сакал да покаже дека ја прифаќал неговата хомосексуалност, иако грчката заедница тоа не го одобрува.
Џорџ со Кени Гос бил во врска од 1996. до 2009. година, а еден друг се сметале за љубов на животот.
„Џорџ беше голем дел од мојот живот и многу го сакав. Беше неверојатно драг и добар човек“ рекол Кени после смртта на музичарот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) НАСЛОВНА СТРАНИЦА КОЈА КРЕНА ПРАШИНА: Синди Крафорд (55) позирала за Вог – без облека!

Насловната страница на списанието „Вог“ е украсена со нејзин портрет со нагласена фризура, но една …