(ФОТО) И’ Дедо Мраз навива за Барселона: Меси честитал Божик – но и другите најголеми фудбалски ѕвезди!!

Семејството на Лионел Меси го минува првиот Божик откако аргентинскиот фудбалер се венчал со својата долгогодишна партнерка Антонела. Двајцата синови се тука, а третото дете е на пат…
„Среќен Божик на сите“ напишал Лионел Меси (30) на социјалните мрежи покрај фотографијата на која позира со членовите на своето семејство, сопругата Антонела (29) и синовите Тиаго (5) и Матео (2) покрај Дедо Мраз и Баба Мраз.
Навистина, нема причина Божик да не биде среќен за фудбалерите на Барселона кои пред само два дена во нивниот двор го срушија Реал, во најголемото дерби на светскиот фудбал (3:0). Каталонците имаат дури 14. бода предност пред Мадриѓаните, а девет пред првиот следач, Атлетико Мадрид.
А, едет детал од фотографијата посебно паѓа во очи – Дедо Мраз на ѕидот има закачен дрес на Барселона! Можеби тоа и’ обајснува зошто онака издоминирале над „кралевите“ во божиќното „Ел класико“…

Feliz navidad para todos !!!

loading...

A post shared by Leo Messi (@leomessi) on


А еве и како бројни други фудбалери на социјалните мрежи го честитале Божик!

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи со вашето тело ако јадете премногу месо?

Секојдневната исхрана базирана на рамнотежа и умерено внесување на сите намирници е идеалниот пат до …