(ФОТО) На Ријана од минијатурниот црн фустан скоро се’ и „испопаѓало“

Пејачката го привлекувала вниманието на концертот на Џеј Зи. За таа пригода избрала црн мини фустан кој едвај и ги додржувал облините, а на тоа „нафрлила“ и кожен мантил…
Веќе некое време се шушка дека Риана (29) се свршила со милијардерот Хасан Џамал (29), а неодамна била видена со голем дијамантски прстен на раката.
Пејачката при доѓањето на концертот на Џеј Зи една рака вешто криела под мантилот. На себе имала многу кус и тесен црн кожен фустан кој едвај и ги задржувал облините, а на тоа „нафрлила“ црн кожен мантил.
Концертот на Џеј Зи во Лос Ангелес дошле да го видат многу ѕвезди. Богатата наследничка Петра Еклестон на концерот пристигнала во друштво на пријатели, а за таа пригода облекла кусо здолниште, широка спортска маичка и високи кожни чизми.
Ријана во врска со Хасан е нешто помалку од една година. Парот неодамна „се фрлил“ на барање станови во Лондон и Лос Ангелес. Пејачката, откриваат нејзините пријатели, е многу вљубена во арапскиот бизнисмен и сметала дека нивната врска има иднина.

„Долго не била вака среќна. Поради новиот почеток зад себе оставила многу негативни работи и луѓе“ рекле блиски пријатели.
Ријана, наводно, на бившите Дрејк (31) и Крис Браун (28) им рекла повеќе да не и се јавуваат.
Џамал пред врската со Риана бил со Наоми Кембел, а во брак бил со уметничката Лина Лазар. Од неа се развел пред да ја запознае славната пејачка.
Арапскиот милијардер е познат по тоа што својот приватен живот строго го крие од јавноста, па поради тоа со Ријана излегува и се дружи само на ресортите на егзотични острови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Глумецот од сериите „НЦИС“ и „Бул“ ослабнал 20. килограми без „теретана“ – Открил и како!

Актерот Мајкл Ведерли, sвездата на сериите „Бул“ и „НЦИС“, неодамна призна дека се здебелил. За …