Времето викендов: Ладно и суво, но од понеделник…

Под влијание на многу студениот воздух кој се спушта од северните географски широчини но и поради намалувањето на облачноста во текот на денот (петок) рано наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО со многу ниски температури.
Сегашните температури на воздухот се под просекот за овој дел од годината па истите ќе се спуштат во интервалот од -11 до -2 степени додека на високите места и планините ќе биде значително постудено.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец кој дополнително ќе го зголемува субјективното чувство што значи температурите на воздухот ќе се чувствуваат како да се пониски од реално измерените.
Вакво време ќе се задржи и во текот на викендот, што значи многу ладно и суво.
Значителен пораст на температурите ќе има како на минималните така и на максималните, веќе од понеделник.
Во текот на следната недела температурите на воздухот на повеќе места ќе се искачуваат дури до околу 10. степени а во најтоплите региони од државава до околу 14. степени.
Овие температури ќе бидат над просекот за овој дел од годината, но „топото“ време нема долго да се задржи, најавуваат од .

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Преподобен Антониј Велики: Заштитник од лудилото и ѓаволот

Македонската правослвна црква денес го одбележува споменот на Антониј Велики Преподобен Антониј Велики (Именден празнуваат: …