На RTL неколку месеци се емитуваше програмата „Живот на вага“ во која кандидати се во куќа каде почнуваат да се хранат правилно и секојдневно да вежбаат со професионални тренери, а се’ со цел да ослабнат, или колку е можно повеќе да загубат одвишни килограми.
ТВ емисиите беа снимани во период од три месеци, а потоа финалистите имаа два месеци сами без стручна помош да ги топат килограмите.
Победник на втората сезона на „Живот на вага“ е 23. годишниот Дариан Црнковиќ кој во шоуто влегол со 177,6 килограми а на финалното мерење имал 100,6 килограми, односно 77. килограми помалку отколку на почетокот.
18. кандидати пред неколку месеци се впуштиле во авантурата на животот – намалување килограми и совладување на сопствените стравови во втората сезона на шоуто „Живот на вага“.
Како одминуваа емисиите така се намалуваше и друштвото на кандидатите во кои некои губеа а некои не, па го напуштаа шоуто.
Интересно е дека Дариан беше повреден па не можеше да вежба, но затоа пешачеше – кругови и кругови околу куќата каде што беа сместени. За една недела цели 168. километри.Со пешачење продолжил и во тие два месеци до финалето, а сега планира да ослабне уште десет и да оди на операција за отстранување на одвишната кожа.
Победникот на годинешното шоу, Дориан Црнковиќ загубил77. килограми или 43,4 отсто од првичната тежиан.
„Знаев дека ќе победам бидејќи со таа цел и влегов во шоуто, но пресреќен сум. Не знам на што ќе ги потрошам парите, но прослава нема да изостане“ рекло младото момче кое шоуто го заврши со 20.000 евра но и нова љубов…
Дориан во шоуто пронашол љубов. Тој и Ивана, бившата цимерка од куќата за симнување килограми се вљубиле, но се зближиле после излегувањето од куќата.

(ФОТО) Во шоуто „Живот на вага“ истопил 77. килограми, освоил девојка и 20.000 евра
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.