Автомобилот што падна во Вардар е на Весна Петрушевска – таа не знае што се случило

Колата што Пожарната бригада ја вадеше од реката Вардар е на актерката Весна Петрушевска.
Петрушевска за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека не знае како нејзиното возило се нашло во Вардар бидејќи таа кога одела на проба во МНТ автомобилот го под мостот и влегла во театарот.
„Уште сум во шок, не знам што се случило. Бидејќи немаше место на паркингот, се паркирав под мосотот, каде постојано со сите колеги ги оставаме колите. Јас сум шофер од 17 години, уредно ја изгасив колата ја заклучив и појдов на проба. Можно е да се работи за обид за кражба. Нема шанси колата сама да тргнала и да падне во Вардар“ вели Петрушевска.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека кај нив е пријавено дека кола плови во Вардар и дека според досегашните сознанија нема патници во неа. Се работи на отстранување на возилото од реката, велат од МВР.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Што е ПЛФ формуларот, кој го бараат за влегување во Грција, и како се пополнува!

Ако ваша деестинација за оваа пролет и лето е Грција, она што ви треба со …