(ФОТО) Ѓоко Ѓорчев и пријателите: „My way“ на 25. декември пред неготинчани

Ѓоко Ѓорчев полека го исполнува списокот од најавените концерти низ Македонија во рамките на турнејата „My way“ по повод 25. години на естрадната сцена.
После многу години тој се враќа на матичната сцена во Неготино. Имено, во 1970. година Ѓоко Ѓорчев како млад талент победил на регионалниот избор на талентиран пејачи. И’ победил, и се здобил со титулата „Најдобар глас“ во општината.
Потоа, после мала „изолација“ од естрадата, Ѓорчев се враќа на својата голема љубов музиката.Твори цели 25 години, издава албуми, пее хитови а по повод јубилејот на неговата публика и вети концерти во повеќе градови во Македонија.
По концертот во Кавадарци, на 25. декември во Центарот на култура „Ацо Ѓорчев“, Ѓоко Ѓорчев ќе има концерт заедно со неговите пријатели – Кристина Палија (соправко вокал), Ирена Крстевска Стевановски (вокал), Филип Стевновски бенд…
Ѓоко Ѓорчев на денот на католичкиот Божик и на само една недела до Нова година на неготинчани ќе им приреди незаборавна вечер во која ќе направи ретроспектива и ќе исполни повеќе негови авторски песни и евергрини во негова изведба. Ретка прилика неговите сограѓани, но и други љубители на неговата песна, да уживаат во еден незборавен настан и,пред време, да доживеат еден новогодишен концерт.
Влезниците се веќе пуштени во продажба и се по цена од само 150. денари, а можат да се набават во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ секој ден од 8. до 15. часот.
Ѓоко Ѓорчев со винаријата „Бовин“ ги поканува сите љубители на добрата музика на концерт кој ќе им ги стопли срцата и ќе им го подобри расположението пред новогодишните и божиќни празници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи со вашето тело ако јадете премногу месо?

Секојдневната исхрана базирана на рамнотежа и умерено внесување на сите намирници е идеалниот пат до …