(ВИДЕО+ФОТО) Посна солена торта со крекери

Потребно е:
1 конзерва туна (180 г)
150 – 200 г маргарин
200 г посен мајонез
1 лажица сенф
300 г посни крекери
50 г препечен сусам
2 кисели краставички
2 варени моркови
2 варени компири
1 кисела пиперка
50 г печени кикирики
200 г пресол од краставички
Подготовка:изматете 150 г маргарин, пенесто, па додајте мајонез, матејќи поврзете ги состојките. Оставете 2 лажици од смесата да ја премачкате тортата. Краставичките, компирите, морковите и пиперката исечкајте ги на ситни коцки, па додајте во смесата со маргарин и мајонез. Додајте сенф и се’ добро соединете.

Во послужавник редете солени крекери, но претходно натопете ги во пресолот од краставички. На наредените крекери ставете од филот, убаво распоредете и потоа повторно ред крекери па фил и така додека се’ не се потроши.
Тортата намачкајте ја од сите страни со смесата од маргарин и мајонез.Наросете со препечен сусам а од страните нафрлете ги кикириките. Тортата украсете ја по желба, или како што е опишано во видеото.
Тортата направете ја 1 – 2 дена порано и оставете да отстои во фрижидер.
Сечете на коцки и послужете како предјадење на посни слави.
Туната можете да ја додадете, по ваш вкус, во филот или пак не.

loading...

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Единствената принцеза што смее да ја носи: Шарлин од Монако во проѕирна кошула поставила нов моден предизвик

Принцезата Шарлин од Монако присуствувала на свеченото отворање на продавница за луксузни часовници во Монте …