Милиони како подарок – Великодушниот Џорџ Клуни: Еве зошто сите би сакале да бидат негови пријатели!

Ретки се оние кои можат да дознаат колку всушност холивудскиот заводник е врзан за своите пријатели. За да им се оддолжи за што што направиле за него, Џорџ Клуни ги изненадил со издашен подарок – актовка полна со пари!
Познатиот брачен пар Амал и Џорџ Клуни и тоа како добро знаат колку мака можат да предизвикат шестмесечните близнаци, особено кога сте со нив на авионски лет а има и други патници.За време на последниот лет очигледно дека нервозата си го напарвила своето па сопружниците Клуни на своите сопатници им понудиле слушалки за уши, кои го редуцират звукот, за да не мораат да го слушаат врискањето на Ела и Александер.
Слушалките се персонализирани, со логото на Casamigos Tequila, а покрај тоа имало и ливче со извинуавање, доколку близнаците се расплачат.
Инаку, Џорџ Клуни е познат по своите великодушни гестови, а тоа деновиве го открил и неговиот најдобар пријател, кој со него ја основал компанијата Casamigos Tequila, Ренде Гербер, познат и како сопруг на Синди Крафорд. Имено, во 2013. година Клуни на своите најблиски пријатели, секому, им подарил по еден милион долари и им го платил годишниот данок.
„Ја имаме таа своја машка група и ја викаме ’The Boys’. Џорџ ми се јави и ми рече во календарот да го забележам 27. септември 2013. година бидејќи во неговата куќа ќе има вечера за сите нас. Кога пристигнавме ни рече колку многу му значиме. Се присети на неговото доаѓање во Лос Ангелес, кога спиеше на мојот кауч. Ни рече:’Толку сум среќен што ве имам во животот и ништо немаше да имам од ова што го постигнав да ве нема вас. Поради тоа мене ми е исклучително важно на некој начин да ви се оддолжама. Сакам сите да ги отворите актовките’. Кога ги отворивме во нив имаше по еден милион долари во банкноти од по 20. долари. Секој од нас, а не имаше 14. доби една актовка полна со пари. Бевме во шок“ открил Ренде Гербер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шест симптоми дека вашиот ЦРН ДРОБ  е полн со ОТРОВИ!

Обрнете внимание на дискретните показатели за оптоварениот црн дроб. Најголемиот цврст орган во телото е …