(ВИДЕО+ФОТО) Успешно оперирано бебето родено со срце вон телото!

Тим од 50.лекари и медицински сестри во Велика Британија успеал, со царски рез, на свет да го донесе девојчето чија состојба ретко завршува со позитивен исход.

Бебето Венелоп Хоуп уште била во мајчината утроба кога лекарите дијгностицирале дека ќе биде родена со многу редок синдром поради кој срцето и расте вон телото. Притоа шансите на свет да дојде жива и биле еднакви на нула.


Сепак, бебето, ги побило лошите прогнози на лекарите и денес слави три недели.
Венелоп за само три недели минала три комплексни операции за да и го вратат срцето таму каде му е местото – во градниот кош. Нејзината состојба „ectopia cordis“, била откриен во рутинскиот ултразвучен преглед на мајката во деветтата недела на бременост.

Иако идните родители знаеле со какви проблеми тие и бебето би морале да се соочуваат, ниту не помислувале на прекинување на бременоста.
Девојчето било завиткано во стерилна пластична прекривка и проследена на тимот кој подготвен ја чекал операцијата. После 50. минути била доволно стабилна да почне оперцијата на враќање на срцето во градниот кош.
Бебето го чека долго опоравување а лекарите веруваат дека со неа се’ ќе биде во ред и дека ќе може да живее нормално како и сите други деца.
Видеото кое следи е со вознемирувачка содржина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Шест симптоми дека вашиот ЦРН ДРОБ  е полн со ОТРОВИ!

Обрнете внимание на дискретните показатели за оптоварениот црн дроб. Најголемиот цврст орган во телото е …