(ФОТО) Премиера на „Ричард Трети“ во режија на Александар Поповски во загребска „Гавела“

Претставата „Кралот Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир во режија на Александар Поповски премиерно ќе биде изведена во петок во театарот „Гавела“ во Загреб.

Улогата на Ричард Трети ја игра Озрен Грабариќ, а во другите настапуваат Андреј Дојкиќ, Свен Шестак, Мартина Чвек, Дијана Видушин, Ивран Грчиќ, Хрвоје Клобучар, Аница Ковачевиќ и други.
Режијата и сценографијата се на Александар Поповски, костимографијата на Мартина Чопо, а светло на Здравко Столник.
Ричард Трети е историска драма од Вилијам Шекспир, која се верува дека е напишана околу 1591 година и која го опишува макијавелското воздигнување до моќ и краткото владеење на Ричард Трети од Англија.
„Сите ние имаме некоја претстава за тоа кој е Ричард. Знам дека тоа е еден зол човек кој не запира пред ништо за да дојде на власт. Мене во тој материјал многу возбудливо ми се виде нешто друго – профилот на тој човек кого ние го гледаме на сцената“ рекол Александар Поповски, и додал.
„Како режисер во таа драма посебно ме интригира ’фрустрацијата на послабиот’, бидејќи Шекспир тука од инвалид, физички, но уште повеќе и духовно, направил човек кој во почетокот нема шанси да биде крал, но успева да се пробие низ се. Кога тој исфрустриран човек ќе добие власт тој станува уште пострашен, а мене токму таа димензија ми се чини многу повпечатлива“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Агенција за книга за претставување и афирмација на македонската литература во светот

Темата за формирање т.н. Агенција или Биро за книга, институции какви што постојат во државите …