После дожд, студ и снег нови промени: Пристигнува топол бран!

Температурите денес наутро ќе бидат ниски од -6 до 1 степен додека на планинските места истите ќе бидат пониски а времето ќе биде претежно ведро со умерена локална облачност и без никакви врнежи.Во текот на денот се очекуваат ниски температури, но не за долго.
Од попладне, поточно, од вторник се очекува да следува позначително затоплување на времето кога максималните дневни температури на воздухот ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината. Сето ова е поради влијанието и продорот на значително потоплата воздушна маса која ќе продре од јужните географски широчини.
Поради ваквата ситуација граѓаните со хронични заболувања,особено метеопатите ќе започнат да чувствуваат мачнини и тешкотии односно појава на главоболка и болки во коските како и на местата на старите рани. Оваа промена на времето кај овие лица, ќе биде повеќе застапено како тегоби односно тежина на телото и во главата а не се исклучува можноста и за појава на несоница или повремена нервоза.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес е спомен на Светиот свештеномаченик Автоном: И после 200. години мнозина болни добија здравје од светите мошти

Православните христијани денес ги слават Светиот свештеномаченик Автоном, Светиот маченик Јулијан со четириесетмина другари, Светиот …