Победникот на Евросонг се опоравува после трансплантацијата на срце

Победникот на годинешниот Евросонг, Португалецот Салвадор Собрал се опоравува во болница после трансплантација на срце, пренесува денес BBC. Лекарите во соопштението рекле дека операцијата минала успешно

Хирурзите во болницата „Санта круз“ во Лисабон велат дека 27. годишниот пејач Салвадор Собрал се чувствува добро.
Португалскиот пејач кој го освои годинешното музичко натпреварување со љубовната песна „Amar Pelos Dois“ (Љуов за нас двајца) долго бил болен од срце.
„Операцијата мина успешно“ рекол хирургот Мигуел Абецасис за португалскиот весник Publico..
Опоравувањето ќе биде долго и ако се’ мине добро Собрал ќе има “сосема нормален живот“ додал докторот.
Пејачот морал да чека неколку месеци додека не бил најден донатор.
Собрал во септември објави дека зема пауза од настапите.
Собрал се обидел да скрие од јавноста дека е многу болен, но се’ било откриено кога не успеал на време, да стаса во Киев, бидејќи докторите му забраниле заминување.
27. годишниот Португалец живеел во САД и Барселона, каде одел во музичко училиште…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Во САД пронајдена напуштена луксузна вила во САД. Никој не живее во неа повеќе од 15 години

АМЕРИКАНЦ кој има канал на YouTube наречен BigBankz истражува напуштени куќи. Тој неодамна посетил замок …