Македонија под снежна прекривка:Ладно и со ветер!

Од синоќа во поголемиот дел од државава дува заисилен а повремено и силен ветер од западен и од југозападен правец кој достигнуваше брзина и до околу 60 км час а можни се и поголеми удари на ветерот.
Врнежите од дожд на планините преминаа во врнежи од снег а понатаму поради продорот на студен воздух ќе услови спуштање на снежната граница.
Провејување на снег ќе има и по котлините претежно на северот и западот од државава но врнежите ќе бидат со релативно послаб интензитет.
Наутро и претпладне ќе дува умерен северозападен ветер, а навечер ветерот ќе го менува правецот во јужен.
Наутро минималната температура ќе има вредности помеѓу 0 и 3 во поголем дел од населените места, додека на повисоките места вредностите ќе бидат помеѓу -3 и -1.
Mаксималната температура ќе биде во границите помеѓу 4 и 7 во северната и западната половина од земјата, а долж југот на повардарето и југоисточниот крај помеѓу 8 и 10.
Скопската котлина очекува облачно и врнежливо време рано наутро. Се очекува врнежите да бидат мешано од дожд и снег. Претпладне облачноста постепено ќе се намалува, а попладне ќе биде претежно ведро. Температурата ќе има минимална вредност околу 1, а максимална вредност околу 5.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва започнува четвртото издание на музичкиот фестивал Андерфест Скопје

После точно една година Андерфест по четврти пат ќе го донесе најдоброто и најсвежото на …