(ФОТО) Јане добил дрес од Пол Погба: И покана да следи натпревар на „ѓаволите“ во Манчестер

Јане Велковски, момчето кое боледува од спинална мускулна атрофија, а за кое сторија направи и УЕФА, добил покана од фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, да оди во Манчестер и да гледа во живо натпревар на „Манчестер Јунајтед“.
Погба го видел Јане во спотот на УЕФА за кампањата „Еднаквост на терен“ и се воодушевил од приказната за детето кое игра фудбал во количка, па му испратил дрес со негов потпис.
Пред два дена, Пол Погба преку својот Инстаграм профил му испратил специјален поздрав на Јане со покана да присуствува на натпревар на Манчестер Јунајтед од Лигата на шампионите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) И’ покрај пандемијата тие се среќни: Ова се 5. најсреќните земји во светот

И’ покрај пандемијата која трае повеќе од една година, некои земји можат да се пофалат …