Само што се вратила од одморот на Тајланд за Аманда Фишер (32) следело многу непријатно изненадување. Имено, гледајќи ги фотографиите од себе пред еден ресторан оваа Австралијанка сфатила дека всушност изгледа – огромно.
Морала веднаш да направи нешто по тоа прашање и почнала да држи некои од најмодерните диети. Изненадување!Изгледала полошо од претходно. Тогаш одлучила да пости.
Оваа диета подразбира различна исхрана од време на време па поради тоа и се вика – испрекинат пост. Значи, планот на нејзината исхрана се базирал на билките. Госпоѓа Фишер ослабнала скоро 30. килограми и денес има вистинско бикини тело.
За тоа и требале девет месеци.
„Не беше лесно да се држам до правилата, бидејќи не станува збор за драстична исхрана како кај другите другите“ наведува таа.
За појадок Амадна конзумирала овесна каша, протеински шејкови, жешка вода, бобици и банана. До пладне би изела уште една овошка, додека за ручек имала пченкарен гриз со авокадо, домати, црн пипер и морска сол. За вечера на менито имала грав, леќа или салата.
Клучно кај оваа диета е дека се јаде само осум часа, а 16. не се јаде, односно се пости.
„Секако, во почетокот бев малку летаргична, бидејќи не бев навикната на нешто такво. Не би ви советувала се’ да исфрлите одеднаш, и кофеин и шеќер и млечни производи, што јас направив. Но, со тек на време станува полесно“ рекла Аманда.
„Откако ја постигнав саканата тежина сакав уште да напредувам“ рекла Аманда кој тогаш ги започнала подготовките за фитнес натпревари.
„Најбитно за вашата диета да биде успешна е да не го прескокнувате појадокот“ советува Аманда која вели дека постот и помогнал да ја оствари животната цел, научила да го почитува распоредот и никогаш повеќе да не се прејадува.