(ФОТО) Секоја има свој фактор: Тие се меѓу најубавите на светот

Крајот на годината донесува разни листи, меѓу кои и оние за најубавите луѓе на светот. Овие 13. дами според гласањето на 150.000 корисници на платформата rankong.com се прогласени за најзгодни…
Кристен Бел
Иако не е „развикана“, убавата русокоса, заслужено се нашла на листата. А, дека е
успешна комичарка покажала во филмот „Bad Moms“ кој е голем хит во кината.
Џенифер Конели
Темната коса, густите веѓи и смарагдните очи на оваа глумица и го обезбедиле статусот на вистинска убавица.Неколку сезони била заштитно лице на модните кампањи на куќи како
Баленсиага, а потоа ја презел Луи Витон.
Зои Дешанел
Ѕвездата на серијата „Нова девојка“ покрај преубавите сини очи го има и „она нешто“.
Дури и кога глумела во „(500) Days of Summer“ била симпатична.
Миранда Кер
Класичен пример на девојка од соседството. Иако секогаш изгледа како да се спремила
набрзина, зад неа стои „голема војска“ стилисти, фризери и визажисти. Неодамна се
омажила по втор пат и тоа за основачот на Snapchat.
Натали Портман
Со IQ над 140, покрај Шерон Стоун спаѓа во жените со најголем коефициент на
интелигенција во актерскиот свет.Секогаш негуваната бринета статусот на ѕвезда може да
го заблагодари на серијалот „Војна на ѕвездите“, но подеднакво е добра и во драми и
романтични комедии.
Блејк Лавли
Русокосата со долги нозе и неодолива насмевка, од незрелата Серена од „Озборувачка“ се
трансформирала во вистинска модна икона. Со сопругот Рајан Рејнолс има две деца, а
многумина ја сметаат за успешна спојка на секси заводничка и семејна жена.
Мила Кунис
Секогаш на листата на најубави жени и тоа сосема заслужено.Бадемести очи, темна коса,
потемнет тен, прекрасна насмевка но и „кул“ став ја прават Мила единствена во
Холивуд.
Џесика Биел
Прекрасната глумица своевремено работела и како модел. Природната бринета има совршена
фигура и исто толку пожелен партнер, Џастин Тимберлејк.
Кејт Бекинсејл
Најпозната по улогата во филмот „Перл Харбур“ со Бен Афлек, ова глумица е синоним за
класична убавина.Продорни кафеави очи, бујна коса со боја на мед, фантастично тело –
Кејт како да нема маана.
Меган Фокс
Од првите сцени во „Трансформери“, прекрасната Меган ги освоила сите мажи на светот.
А, и глумецот Брајан Остин Грин, кому му родила три деца.Се зборува дека Меган Фокс
имала неколку естески операции, но сеедно, работата е направена совршено.
Кејт Аптон
Тазе мажена жена, убавата манекенка изгледа како вистинска девојка од Калифорнија.
Долгата руса коса и сини очи, но и бујното деколте ја прават привлечна. Иако загубила
неколку килограми откако се појавила на насловните страни, фасцинацијата со нејзината
убавина не е намалена.
Скарлет Јохансон
Убава и талентирана. Своите први актерски чекори ги направила во театарот во дамнешната 1994. година. Велат дека најубаво изгледала во филмот „Вики Кристина Брселона“.
Шарлиз Терон
Жена која секој ден изгледа се’ подобро и со своите 42. години зад себе оставила бројни помлади колешки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Јелена Ѓоковиќ споделила фотографија од Дијана и Новак: Оставила краток и јасен коментар за својата свекрва!

Новак Ѓоковиќ вчера постигна голем спортски успех Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои десеттата …