(ФОТО) Три совети за слабеење од жена која „загубила“ скоро 70. килограми

Откако се здебелила после бременоста и во еден момент имала дури 136. килограми, Емили Пуглиели (38) успеала да истопи повеќе од 70. килограми и денес на другите кои се борат со прекумерната тежина ги мотивира да ослабнат.

За нив има три совети:
1. Вие го можете тоа
2. Не може секој ден да биде совршен
3. Бидете упорни
Кога пред пет години видела фотографија од венчавка на пријатели на која била со сопругот, Емили знаела дека мора да ослабне. На својата висина од 170. сантиметри имала дури 136. килограми.

Почнала да истражува разни диети, а тогаш се одлучила за режимот на исхрана со помалку јагленихидрати.
„Јадев многу леб и слатко, а кога од исхраната ги исфрлив шеќерот, лебот, компирите, повеќето јаглени хидрати, сфатив дека тоа ми одговара. Сама ги подготвував моите оброци“ говори Емили чија приказна станала вирална.

„Кога имав 136. килограми, сонував за тоа дека трчам. Не го сакам баш трчањето, но сега го можам тоа. Никогаш не помислував дека од клекнување ќе кренам 45. килограми или ќе трчам пет километри“ рекла и заклучила дека е многу посреќна и појака отколку што мислела.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) 7. неверојатни жени постари од 50. години кои ќе ве инспирираат да работите на себе

Одржување на добра физичка форма е исклучително тешко, особено по одредена возраст. Но, за некои …