(ФОТО) Салата за чистење на организмот и брзо и здраво слабеење

Салатата позната како “Метла” ужива голема популарност веќе неколку години. Можеби не изгледа убаво и егзотично, но таа е драгоцена за сите кои сакаат да го прочистат својот организам и да ослабнат. Во што е тајната?
Основните компоненти на оваа салата се зеленчуците кои го збогатуваат организмот со
витамини и минерали, исполенти се со влакна и пектин. Благодарејќи на тоа, ова здраво
јадење придонесува за ефикасно чистење на цревата. Со самото тоа, поради исфрлањето на
фекалните наслаги се намалува и телесната тежина.
Но, тоа не е се’: бидејќи некои состојки од оваа салата се нискокалорични, заменувајќи
со неа еден оброк дневно (на пример вечерата), можеме да се ослободиме од масните
наслаги. На тој начин, резултатот е прочистен организам и корегирана телесна тежина.
Постојат неколку рецепти за подготовка на оваа салата. Ќе ве запознаеме со еден класичен рецепт.
За нејзина подготовк потребно ви е: зелка, цвекло, морков,сок од лимон, масло.
Подготовка: изрендајте зелка, цвекло и морков во однос 3:1:1. Зчинете по вкус и конзумирајте.

Додајте зачини по свој вкус (пример целер). Гмечете го зеленчукот да пушти сок.
Додајте малку лимонов сок. По желба, за постигнување на пикантност, во салатата можете
да додадете пасиран лук. Зачинете со малку масло за јадење (препорачливо е да
користите ленено или маслиново масло).
Салатата не е потребно да ја насолите. Ако не можете да се откажете од солениот вкус,
користете сос од соја, кој содржи доста сол и го подобрува вкусот на храната, а има
и висока нутритивна вредност и не е штетен по здравјето.
Имајте на ум: за луѓе со ниска киселост во желудецот, подобро е да се користи кисела
зелка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Карфиолот е храна што има ПЕТ супер моќи

Оваа супер храна го заслужува вашето внимание. Ако некогаш сте во дилема што би можеле …