(ФОТО) Ја убил својата девојка: Оскар Пикториус осуден на 13. години и 5. месеци затвор

Во жалбената постапка, Врховниот суд ја удвоил казната на која Оскар Пикториус минатата година бил осуден од страна на понизок суд. Сега казната му е зголемена за шест години и пет месеци.
Вишиот суд во Јужноафрикнската Република го осудил паролимпиецот, Оскар Пикториус, на вкупна затворска казна од 13. години и пет месеци затвор поради убиството на својат девојка Рив Стенкамп.
Во жалбената постапка, Врховниот суд ја удвоил казната на која Оскар Пикториус минатата година бил осуден од страна на понизок суд. Сега казнта му е зголемена за шест години и пет месеци, а во неа ќе се пресмета и времето кое го минал во притвор. Гласноговорникот на семејството на убиената девојка порачал дека новата пресуда е „потврда дека сепак има правда“, јавува БиБиСи.
Да потсетиме, прославениот спортист од ЈАР со четири куршуми, испукани низ затворена врата на бањата, ја убил Рив на 14. феврури 2013. година.
На судењето тврдел дека слушнал бучава и дека пукал бидејќи мислел дека станува збор за крадец. Судијката Тозила Масипа ја прифатила неговата верзија и во 2014. година го осудила на само пет години затвор, за убиство во немар. Во ноември 2015. година јужноафриканскиот врховен суд ја поништил пресудата за убиство во немар и делото на Пикториус го преиначил во убиство. Така Пикрториус бил осуден на шест години затвор.
На прославениот спортист како дете, поради вродена деформација, му биле ампутирани и’ двете нозе, под колената.
Оскар Пикториус (29) влегол во легендите кога на Олиписките игри во Лондон учествувал во трката на 400. метри, што е прв таков случај за спортист на кој му се ампутирани и двете нозе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Три знаци дека цревата ви се болни – доколку ги забележите, неопходно е итно да се обратите на лекар

Веќе сте свесни дека вашите црева се еден од најмоќните делови на вашето тело. Експертите …