(ВИДЕО) Маж од Босна победил два тумора со природна напивка

Болните од рак често се обидуваат лекот да го најдат во народната медицинска. Еден од нив е и Божо Кајовиќ од Босна.
Иако лекарите му давале малку шанси да преживее, Божо од село Горица во Босна одлучил да не се предава.
Тој по десет години борба за живот и операција на дури два карцинома, на грлото и на белите дробови, сега може да здивне.
Со малку надежи за закрепнување тој се информирал за болеста и начините на лекување, попатно не заобиколувајќи ниту еден од народните лекови.
„Правевме се’ за да му ја олесниме болеста, да му помогнеме. Што и да слушнев, подготвував на сите начини за да го извлечеме од смрт“, раскажува неговата сопруга Босилка.
Божо го променил начинот на исхрана, ги оставил цигарите и алкохолот, а водата за пиење ја заменил со чаеви. Со пропишаните лекови користел и млади цветови од глуварче и мед од нив. Рецептот за лекот од кој Божо оздравел и почнал да работи не е тајна, вели неговата сопруга.

Рецептот гласи: „Корените од глуварче се корнат, треба да се внимава кога се откорнуваат да се извади целиот корен и од него да не истечат соковите. На четири литри вода ставам една рака корени, тоа се загрева до вриење, само една минута. Се остава да стои десетина минути и потоа се процедува. Течноста се пие со една лажичка мед од глуварче“,открила Босилка.
На сите кои заболеле од оваа опасна болест Божо им порачува да ги слушаат советите на лекарите, но и да земаат природни лекови.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТРИК ШТО ГИ СПАСУВА БРАКОВИТЕ: Одвојте само пет минути дневно, доволно е…

Почетокот на љубовната врска е толку возбудлив. Тогаш сè уште уживаме во романтиката и нежноста …