(ВИДЕО+ФОТО) Малечкиот херој Јане дел од „EqualGame“: „Секој на светот може да игра фудбал“

Во Европската фудбалска федерација на Јане гледаат како на вистинска мала сензација во Македонија. Неговата популарност почна да расте кога за прв пат се појави како придружба на репрезентацијата на Македонија на квалификацискиот натпревар против Шпанија во јуни оваа година …
„Деветгодишниот Јане Велковски од Скопје, живее за и со фудбалот.
Тој игра фудбал во секоја можна прилика, а очите му светнуваат секогаш кога зборува за својот омилен спорт“, почнува сторијата на УЕФА за малечкиот Јане кој е врзан за количка, со дијагноза за Спинална Мускулна Атрофија.
„Фудбалот е се’ во мојот живот. Го играм на видео игри, го играм во двор и го играм на училиште. Фудбал играм секаде. Не можам да одам, но не дозволувам никој да се шегува на сметка на мојот проблем со одењето. Сакам на светот да му пренесам порака дека сите сме еднакви и дека лицата со инвалидитет можат да ги прават истите работи како и останатите. Дури и да не можат, тоа не значи дека не можат да уживаат во животот“, вели Јане.
Неговиот инвалидитет не го спречува да игра фудбал. Тој е прв на игралиштето кога неговите другари одат да играат и тој е последната линија на одбрана во неговиот тим, бидејќи игра на голот. Јане е многу отворен и гласен. Тој ужива да им дава насоки на одбранбените играчи и да им кажува кого да маркираат, и сето време е јасно колку неговите соиграчи го почитуваат неговиот авторитет.
„Кога играм фудбал се чувствувам еднаков, убаво ми е бидејќи можам да учествувам во играта. Убаво ми е дека можам да ја водам екипата, дека можам да победувам и дека сум капитен. Среќен сум кога победуваме и тажен сум кога губиме“.
Во 2015. година Јане беше во Париз на операција за корекција на ‘рбетниот столб. Секои шест месеци оди на третмани со надеж дека така ќе му се зголемат шансите да почне да оди еден ден.
„Фудбалот имаше многу позитивно влијание во неговиот живот и му помогна да се справи со проблемите со кои се соочува. Преку фудбалот тој беше во можност да сфати дека може да има активна улога во општеството, вели татко му на Јане, Ѓорѓи.
Во Европската фудбалска федерација на Јане гледаат како на вистинска мала сензација во Македонија. Неговата популарност почна да расте кога за прв пат се појави како придружба на репрезентацијата на Македонија на квалификацискиот натпревар против Шпанија во јуни. Но, една слика од УЕФА Супер Куп натпреварот во Скопје неколку месеци подоцна, која беше вистински хит на социјалните мрежи и во локалните медиуми, навистина го привлече вниманието во земјата.
„Кога УЕФА Супер купот се одржа на арената Филип Втори, влеговме во една соба во која имаше постери на ѕидовите. Се сликав со двете екипи, но кога го видов постерот од Роналдо каде тој се радува по постигнат гол“, си реков дека можам да го имитирам. Го замолив дедо ми да ме слика и ја ископирав позата на Роналдо. Тоа е одлична фотографија.

Животната филозофија на Јане е „да не се предава“ и дека „сите треба да ги следат своите соништа”.
„Понекогаш, кога играм фудбал, заборавам дека сум во мојата електрична количка. Се замислувам себеси како постигнувам голови како Роналдо и некогаш речиси заборавам дека не можам да одам“, заврши малиот македонски фудбалер.

UEFA Equal Game – Јане Велковски from Football Federation of Macedonia onVimeo.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Факторот на ризик за потешкиот облик на ковид кој сите го забораваме

Физичката неактивност е поврзана со потешка форма на ковид 19 и зголемен ризик од смрт …