(ФОТО) Репертоар на Драмски театар од 23. до 25. ноември

23.11. „Вера, љубов, надеж“
“Вера, љубов, надеж” е приказната на младата жена Елизабета, која ја живее етиката на своите принципи против еден свет кој се правда со закони. Етиката пред правниот систем. “Вера, љубов, надеж” е тоа што ги прави луѓето луѓе, во еден свет каде што нема ни вера, ни љубов, ни надеж. Приказната е за сите оние што мислат дека односите помеѓу луѓето се градат исклучиво заради корист и за секој од нас кој во одреден момент изгубил верба. Приказната е за Елизабета, вид во исчезнување, како што сме и сите ние кои се занимаваме со театарската уметност. Сите ние кои се бориме да докажеме дека театарот има незаменлива општествена улога во негувањето на критичката мисла. Приказната е и за мене и моите дванаесет години поминати во Македонија, во кои никој не поверува дека сум дојден заради искрената верба во театарот.
Играат: Филип Трајковиќ, Благој Чоревски, Димитрија Доксевски, Анастас Тановски, Игор Ангелов, Сања Арсовска, Ирена Ристиќ, Зоран Љутков, Соња Стамболџиоска, Лазе Манасковски, Златко Митрески,Емилија Мицевска, Јана Стојановска, Наталија Теодосиева, Дениз Абдула, Кристијан Светиев.
24.11. „Атена со пенис“
Играат:Рубенс Муратовски, Катерина Коцевска, Лазе Манасковски, Зоран Љутков, Гордана Ендровска, Филип Трајковиќ, Калина Наумовска, Александар Степанулески, Диме Илиев, Ванчо Иван Петрушевски, Гоце Тодоровски.
25.11. „Секс, дрога и рок ен рол“
Игра: Сашо Тасевски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Иницијативата на ЗЏМ се оствари, ќе се формира „Оркестар за џез музика”

Владата на вчерашната седница донесе одлука за основање национална установа „Оркестар за џез музика во …