(ВИДЕО) Драматична снимка! Возачот во шок:Погледнете како среде улица се урнал авион

Камерата поставена во полициски автомобил го забележала драматичниот момент после падот на приватен авион на пат во Клирвотер, на Флорида.
Како што може да се види на видео снимката, малиот едномоторен авион летал многу ниско над патот и наеднаш се свртел на левата страна. Во тој момент го прелетал автомобилот на заменик шерифот на округот Пинелас.
Потоа може да се види како авионот се има урнато, а како што пренесуваат американските медиуми, за среќа пилотот и уште еден патник поминале без повреди, а исто така ниту еден од учесниците во сообраќајот не бил повреден после падот на авионот.

Како што пренесуваат американските медиуми, авионот полетал од Клирвотер утрината и се упатил кон местото Зефирхилс кое што е на околу 80 километри оддалеченост. Меѓутоа, на враќањето, како што објаснил пилотот, нешто „тргнало наопаку“ и авионот започнал да паѓа на 800 метри оддалеченост од пистата.
Според пилотот, за несреќата е виновен дефект во моторот на авионот, меѓутоа се’ уште нема официјални резултати од истрагата на несреќата во американската сојузна држава Флорида.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(АУДИО СНИМКА) ШОК! Протече СНИМКАТА од брза помош откако Болдвин ја усмртил колешката – Жена вреска и го обвинува ОВОЈ ЧОВЕК!

Слушнете што рекла помошничката сценарист! Невидена трагедија на филмскиот сет се случи кога актерот Алек …